16 November 2012

Воведение во Книга-Исход:



РАСПЕТИЕ 
(почеток на прекрасните страдања) 

На голиот рид 
каде присојот удира врз челата 
како вжештен чекан 

Златен крст издигнаа 
со длапки на рабовите 
стрвни за скапоцени камења 

Моето изнемоштено тело 
со шајки од платина 
на него го заковаа 

Венец од ловор и трње 
врз главата ми ставија 
И дури гледаа како капките од крв 

длапките ги исполнуваат 
и во рубини се претвораат 
Извикнуваа: Пеј ни, пеј! 


(Од поетската книга „Исход“, 
издание на „Галикул“, Скопје, 2012 год.)

No comments: